По дождот доаѓа сонце, сумираше претседателит на ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето на конференцијата на Унијата на жени на партијата.
-По се она што ни го направија, во април народот на Македонија ќе ја земе работата повторно во свои раце, и ќе испрати 4 пораки: дека ова е негова земја и дека само тој-народтот одлучува во неа, и е подготвен да ја одбрани од секој натрапник. Дека никој во иднина несмее да помисли со валкани игри,соработки со служби и малверзации да освои доверба на мнозинството народ. Дека не дозволува измамник и криминалец да ја води државата, и дека не само што тој одлучува во оваа држава туку и дека е мудар, а не глупав, за некој со лаги и замајувања и без реална основа да му го промени ставот- порача Груевски, кој продолжи:
-Затоа СДСМ сега бега од изборите. Бидејки знаат дека доаѓа казната. Цела година и пол соработуваа со ѓаволот. Сега ѓаволот ќе си дојде по своето. Како вика нашиот народ: кој со натемаго тикви сади, ѓаволот му очи вади. Погледнете на што спадна СДСМ. Од некогаш сериозна, победничка и самоуверена партија, денес е партија на преплашено раководство, на лидер кој стравот го прикрива со викање, вика кога збори кога дава изјава за новинарите, на лидер кој се плаши да се соочи со народот во државата. И јас би се плашел на негово место, после се што направи- рече груевски во обраќањето пред женската организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер