Четврта порака која ќе произлезе од народот од следните избори предизвикани од политичката криза која ја создаде СДСМ и оние кои им помагаа, е дека не само што е господар на оваа територија, и одлучува за својата иднина, туку и дека е мудар и не е глупав, дека е попаметен од многу служби и нивните црпнати експоненти- порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на 16. Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ќе наведам само два-три примери. Само оној кој смета дека народот е глупав, во недостаток на креативни идеи за општо добро, може да верува дека ќе ја купи неговата доверба „продавајки му“ нешто што народот веќе одамна го има: слобода и демократија.
Не велам дека таа демократија неможе да се подобрува, но тој што верува дека ако му понуди на народот слобода и демократија, и го убедува дека сега живее во диктатура, режим или незнам што, и при тоа верува дека со тоа како главна понуда ќе ги добие изборите, треба да знае дека не е народот ни глупав ни наивен, туку глупав е оној кој верува дека ќе го убеди да му „купи“ нешто што овој оддамна го има е глупавиот.
-Втор пример- продолжи Груевски- Неможе опозицијата да ги има во свои раце двете институции кои по закон и устав се единствени кои ги организираат изборите во државата, МВР и ДИК, и да го прави народот будала дека неможе да се организираат фер и демократски избори. Неможе да има понуда од власта кон опозицијата, бирајте кој закон за медиуми од било која земја од ЕУ го сакате ако овој не ви чини, и истовремено тие на народот да му образложуваат дека заради медиумите морало да ги одложат изборите.
-Трет пример- се надоврза Груевски- неможе за се што прави власта да викаш дека нечини, а да не понудиш подобро. Се што направивме се исплукаа. Од друга страна мнозинството се задоволни од повеќето направени работи. Не велам дека и ние немаме слабости, дека немаме грешки и пропусти, не сме ни ангели ни идеални, а најмалку безгрешни. Луѓе сме. Ама ако некој од другата страна и најдобрите наши работи, реформи, проекти, дела, субвенции, итн ги исплука и ги прогласи за стратешки грешки, криминали, промашувања, и слично, тогаш мора да е толку глупав да верува дека народот е глупав и ќе му поверува- порача Груевски на годишната конференција на партиската Унија на жени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер