Скопјанец гневен затоа што загубил многу пари во казино, заминал дома од каде што донел бензин и ја запалил влезната врата на казиното. За среќа, пожарот бил брзо изгаснат.
Утринава околу 00.15 часот во Градскиот трговски центар во Скопје, во казиното „Сенатор“, откако И.Ј. (45) од Скопје претходно загубил одреден износ парични средства при игра на среќа, дошол и со запаллива течност ја полил влезната врата од објектот, предизвикувајќи пожар, кој е изгаснат од страна на вработените. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, јавија од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.