Бившата сопруга на оскаровецот Шон Пен, убавата Робин Рајт призна дека како тинејџерка била вљубена во музичарот Род Стјуарт и до толку се опседнувала со него што дури и му ја крадела неговата пошта.
Робин, била љубоморна на сите обожавателки на 21година постариот од неа рокер, со кој живеела во исто соседство во Лос Анџелес.
– Бев многу заљубена во него, имав огромен постер со Род во мојата соба. Знаев и да чекам со часови пред неговата куќа само за да го видам – изјавила Робин.
47 годишната актерка, која во моментот е актуелна со хит серијата „Куќа од карти“ во која ја има главната улога покрај Кевин Спејси, е во врска со 14 години помладиот актер Бен Фостер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.