Цеца и студентот по економија ги запознал креаторот и модел Бошко Јаковљевиќ, кој е заеднички другар на двајцата, откриваат српските медиуми.
Александар Јововиќ и Светлана- Цеца Ражњатовиќ се запознале на снимањето на нејзиниот спот, а виновник за учеството на Александар во спотот е манекенот и водител, а сега и успешен моден креатор Бошко Јаковљевиќ.
-Бошко во некоја рака го откри Александар, кој посетуваше курс за менекени. Кога го запозна, сфати дека е талентиран и реши да му помогне со тоа што го ангажираше за сите свои ревии, но и за многу други, а Александар бргу се избори за свое место во моднеиот свет. Истовремено, Бошко е долгогодишен пријател на Цеца, па штом се отвори шанса да и го предложи Александар за некој нејзин спот тоа и го стори- пишуваат медиумите, кои додаваат дека до сега како манекен името на Александар се врзувало за многу познати манекенки, како Јована Швоња и дејана Живковиќ.
Јаковљевиќ, прашан за новиот пар што ја стресе јавноста вели:
-Несериозно би било јас да зборувам за нив и нивната врска, се надевам дека ме разбирате.
Меѓу информациите кои се споделуваат, се додава дека 16 години помладото момче на Цеца живее во Белград со неговата мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.