Европските лидери разгледуваат драстичен план за ставање крај на навалата на имигранти преку Балканот и затворање во целост на македонско грчката граница, со што грчките власти ќе бидат присилени итно да поработат на заштита на надворешните граници на ЕУ, тврди британскиот Фајненшал Тајмс
Весникот наведува дека за тоа во понеделник ќе расправаат министрите за внатрешни работи на ЕУ и додава дека и ЕК и германија се подготвени да го поддржат предлогот на Словенија, состојбата драстично да се заврти така што ќе се помогне на владата во Скопје да ја затвори границата со Грција и така да го спречи приливот на имигранти.
За словенечкиот предлог и идеите на две години да се суспендира шенгенскиот простор без граници во случај на „постојана сериозна нефуинкционалност“, во средата веќе размениле мислење амбасадорите на земјите членки во Брисел , при подготвување на министерскиот самит, се вели во подолгата анализа во која се разработува и средбата на Меркел со Давутоглу, но и се анализира можноста за изолирање на Грција од Шенгенската зона и ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.