| четврток, 6 декември 2018 |

Бајден: Подготвени сме и за воено решение во Сирија

bajdenАмериканскиот потпретседател Џо Бајден денеска изјави дека Вашингтон и Анкара се подготвени за воено решение на кризата во Сирија, доколку не биде постигнат политички договор.

– Знаеме дека е подобро да се постигне политичко решение, но подготвени сме, доколку е потребно, и за воено решение и да ја отстраниме ИД, истакна Бајден на прес-конференција во Истанбул.

Тој по средбата со турскиот премиер Ахмет Давутоглу нагласи дека разговарале како САД и Турција, кои се членки на НАТО, да продолжат да им помагаат на бунтовничките сили на сунитските Арапи во нивната борба против сирискиот претседател Башар ал Асад.

Бајден, исто така, додаде дека Курдската работничка партија (ПКК) за Турција претставува подеднаква закана како и ИД, а Анкара треба да преземе се што е во нејзина моќ за да го заштити својот народ.

Давутоглу го одобри турското воено присуство во Ирак, објаснувајќи дека тоа има за цел да штити од ИД. Тој нагласи дека Анкара го почитува територијалниот интегритет на Ирак. Турскиот премиер додаде дека само легитимна сириска опозиција треба да учествува во преговорите за Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top