| четврток, 6 декември 2018 |

Грчки „Етнос“: Игра за почеток на преговорите со Скопје

grcki-mediumi-606x360Грчкиот весник „Етнос“ со наслов „Игра за почеток на преговорите со Скопје“пишува дека Штефан Филе со објавувањето на привремениот извештај за Македонија и на „хартија“ игра во неговите напори да ги поддржи Скопје и премиерот Никола Груевски.

„Филе, кој има склучено договор за промовирање одлука за отворање пристапни преговори со Македонија,  дури и со нерешени разлики околу името, се надева дека ќе изврши притисок врз Атина и во комбинација со новиот предлог презентиран од страна на Нимиц ќе извлече согласност од грчката влада на самитот во јуни“, пренесува МИА од написот во весникот.

Според „Етнос“, последниот предлог на Нимиц што се однесува на името отстапува од грчката позиција и е неприфатлив затоа што географска одредница пред „Република“, практично значи укинување на одредувањето. Истовремено весникот анализира дека и предложениот опсег на употреба на името не е во релација со грчките позиции затоа што остава голем отворен простор за употребата на новото име, што во практика треба да ја замени референцата ПЈРМ, нагласува весникот.

Грчки дипломатски извори за МИА по последната рунда преговори открија дека, според најновиот предлог на Нимиц, името ќе биде за „најширока можна употреба“, а не за севкупна употреба како што бара Грција.

Сите грчки весници денеска ја пренесуваат и вчерашната изјава на премиерот Груевски дека предлогот „Горна Република Македонија“ засега е шпекулација и оти тој не би навлегувал во шпекулации.

„Ова е премногу сериозно прашање за да навлегуваме во шпекулации“, го пренесуваат одговорот на Груевски грчките медиуми и додаваат дека тој истакна оти како премиер на Република Македонија негова должност е да бара мислење од народот за секое крупно прашање за земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top