| четврток, 6 декември 2018 |

Поплаки од пациенти: Лоши шалтери и чекање за операција

bolnica

Лошиот однос на шалтерските работници во болниците и долгото чекање за операција на катаракта. За ова најчесто се жалеле граѓаните од главниот град во Комисијата за заштита на правата на пациентите на град Скопје.

За една година, колку што функционираат, имале и поплаки за дискриминација, за некои здравствени услуги на Клиниката за ортопедија, а некои реагирале и за трансплантацијата на бубрег.

– Истите се во тек на разработка, а дополнително ќе се открие дали се основани или не. Оваа Комисија има цел да им помогне на пациентите доколку е прекршено некое нивно право – вели Кети Андриевска-Јованова, членка на Комисијата за унапредување на правата на пациентите на град Скопје.

Од Комисијата ги повикаа сите пациенти од главниот град ако сметаат дека им се прекршени правата, да го пријават случајот во просториите на Град Скопје.

– Ние ќе ги разгледаме сите преставки, ќе ги исконсултираме сите инволвирани установи, било државни било приватни, и ќе донесеме заклучок – вели Душко Ѓорѓиевски, претседател на Комисијата.

Законска обврска е вакви комисии да имаат сите општини во Македонија, но засега функционираат само во неколку градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top