| четврток, 6 декември 2018 |

Закана со бомба во шведски авион

Авионот на скандинавската компанија САС со 72 лица, што летал на линија Лондон-Стокхолм, пренасочен е денеска во Гетеборг, по закана со бомба, соопшти полицијата.

scandinavian-airlines-540x320

Портпаролот на полицијата Стефан Густафсон рече дека во тек е евaкуација на сите патници и членови на екипажот.

Авионот слетал на аеродромот Ландветер, на западниот брег на Шведска, а стручњаците за експлозивни направи се повикани да го прегледаат леталото.

Густафсон додаде дека заканата е упатена кон контролата на летање, додека авионот се наоѓал во воздух.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top