| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил излетал во амбис кај Велес, возачот починал

Едно лице загина во сообраќајна незгода, која се случи вчера на автопатот Скопје – Велес,  кога возачот од засега непознати причина загубил контрола над возилото. Автомобилот излетал во амбис од десната страна на автопатот.

lenta-policija500

 

Во несреќата учествувало едно возило „фијат линеа“ со скопски регистарски ознаки кое на автопатот Скопје-Велес, два километра по наплатната рампа Сопот, од засега неутврдени причини излетало од коловозот и паднало во амбис, информираат од СВР-Велес. Во автомобилот немало други патници.

Увидот на надлежните треба да покаже кои се причините поради која се случила несреќата. Телото на возачот по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top