Оваа сезона водечките дизајнерски куќи ги сместија хеланките во главните модни трендови за оваа зима, така што тие станаа неизбежни во најразличните модни креации и комбинации. Во различни бои, дезени и ткаенини, хеланките се омилено парче гардероба во текот на целата година.
Хеланките станаа популарни во време на славниот аеробик во текот на ‘80-тите години на минатиот век, а минатите години се вратија повторно во мода како задолжителен моден предмет. Се носат во сите комбинации и речиси за секоја пригода. Со нив се оди на тренинг, но и на прошетка низ градот. Веќе не се само асоцијација за спортски стил, туку сега може да бидат и елегантно парче облека ако се комбинираат со високи потпетици.
Во зима може да се одлучите и за кожени хеланки со кои сигурно ќе привлечете внимание. Нема да згрешите ниту со класични црни хеланки, кои може да бидат дел од лежерен, но и елегантен изглед, кој може да се дополни со друга облека.
Хеланките може да ги носите и со фустани. Ако пригодата е свечена, тогаш може да ги комбинирате со хеланки од сјаен материјал.
Различни модели и ткаенини
Најчесто се носат во комбинација со тренерки. Со памучни хеланки може да облечете балетанки, чизми, па и високи потпетици. Комбинирајте хеланки, долга кошула и кратки чизми со висока потпетица. Оваа сезона може да се најдат различни модели со различни дезени. Модерни се хеланки на линии, како и оние со дезен на леопард.
Спортски хеланки
Хеланките се одличен избор за спорт, идеални се за трчање и слична физичка активност, бидејќи се удобни, лесни и се изработени од висококвалитетен материјал. Можат да бидат изработени од посебни ткаенини кои го контролираат потењето и го одржуваат телото суво во текот на тренингот. Спортските хеланки денес имаат модерен изглед и дизајн, стилски се украсени, често со препознатливи детали од спортската модна марка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






