
Исидора Бјелица покрај лошите прогнози со кои се сретнува, решителна е во борбата за живот.
Таа долго време се бори со ракот, кој четири пати се поврати, и откри дека пред два и пол месеци имала 77 метастази во телото!
-Во октомври се покажа дека имам 77 метастази. Секако, нормален би се откажал, но јас решив да се борам до крај. Резултатите засега се подобри! – истакна писателката.
-На почетокот беше прилично обесхрабрувачки. Докторот ми рече дека од рак на јајчниците преживуваат само 15 проценти од жените. Сепак, не се обесхрабрив. Мене болеста четири пати ми се поврати. Тоа е како кога тоне Титаник првпат, а вие викате силно. Потоа тој почнува да тоне и вторпат, а вие потивко викате. Кога сето тоа ќе се случи 3 и 4 пат вие само кажувате – добро, тоне. Кога ги добив резултатите, на докторката ѝ реков дека не е сѐ толку црно бидејќи мојот центар за хумор и понатаму е на место – изјавила Бјелица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


