Тие се група која во историјата на поп музиката доживеала најголеми комерцијални успеси.
Членовите на групата АББА не настапуваа заедно седум години. Сега се собрале на отворањето на ресторан во Стокхолм во кој луѓето може да јадат додека гледаат шоу заснован врз нивните песни.
Агнета Фелтског денес има 65 години, Бејрн Улвеас 70, Бени Андерсон 69, а Ан Фрид Лингштад 70. Последен пат заедно се снимени во 2007 година кога се појавија на премиера на филмот „Мама миа“ кој е направен по истоимениот мјузикл. Оваа бродвејско шоу се прикажувало 14 години.
Во ресторанот кој е отворен со присуство на членовите на бендот, може да се јаде медитеранско мени со песните од АББА во живо. Цена на влезните е 109 фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.