| четврток, 6 декември 2018 |

Вкупно 100 општи акти за села кои немаат урбанистичка документација ќе обезбеди Министерството за транспорт

Уште еден предизвик, по однос на проектот „Купи куќа за млади до 35 години“, кој денеска беше разговаран на состанокот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, министрите за финансии и транспорт и градоначалниците, беа селата кои немаат урбанистичка документација.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, подвлече дека покрај проектот за типски населби, во Буџетот на министерството има средства за уште еден проект кој е од голема важност за општините.

-Министерството да направи околу 100 општи акти за селата. Тие од прилика се 200-300-500-800 евра. А ние можеме тоа да го направиме, но со повикот за типски населби, не можеме. Ние ќе ги идентификуваме сите барања, за општи акти за села и ќе направиме наш тендер, ние ќе ги направиме и ние ќе ги финансираме. Тоа значи дека заедно во координација со општините ќе направиме околу 100 локации за типски населби, каде што градоначалниците потоa ќе можат да отуѓуваат што е многу важно – подвлече Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top