Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека 15 март 2016 е крајниот рок за поднесување Годишна даночна пријава за сите граѓани кои лани оствариле дополнителни приходи по различни основи. -Задолжително поднесете образец ПДДГДП, најдоцна до 15ти март, ако мината година сте оствариле дополнителни приходи, односно освен плата, пензија или приход од земјоделска/ самостојна дејност, сте оствариле и приходи од кирии (издавање имот закуп или подзакуп), авторски права, индустриска сопственост; исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од награднa игрa во износ поголем од 5.000 денари, приходи од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни, лични примања од странство, работно ангажираниње во амбасада, мисија на меѓународна организација- информира УЈП.
Пријава треба да се поднесе и за приходи остварени преку интернет (етрговија, услуги извршени преку специјализирани страни, поставување реклами на сопствени интернет страни, прогнози (дојави) на типови за спортски натпревари, како и други дополнителни приходи, надвор од редовната плата или пензија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство