| четврток, 6 декември 2018 |

Специјално пријателство со „пучистите“

Игра­ат ли „спе­ци­јал­ци­те“ на Ја­не­ва еден стар, одам­на из­гу­сти­ран виц: „Зна­еш ли ка­ко се др­жи мо­рон во не­из­вес­ност? Не. Ќе ти ка­жам утре, хе, хе, хе!“ Та­ка, пра­веј­ќи мо­ро­ни од гра­ѓа­ни­те и од ин­сти­ту­ци­и­те, не­до­пир­ли­ви­те по­сто­ја­но си по­и­гру­ва­ат со тр­пе­ни­е­то и го изи­гру­ва­ат за­ко­нот. Че­кав­ме да ги пре­зе­ме раз­го­во­ри­те, се­га за­пис­ник од ку­ти­и­те на За­ев. А сѐ пог­лас­но се слу­ша де­ка по Ве­руш, сле­ду­ва Ча­уш…

Во рок од са­мо два-три ме­се­ца, „спе­ци­јал­ци­те“ на Ја­не­ва на­мет­наа без­о­браз­на ше­ма на за­о­би­ко­лу­ва­ње на за­кон­ски­те про­це­ду­ри. Не­ба­ре функ­ци­о­ни­ра­ат во не­ко­ја дру­га зем­ја, или, по­ве­ро­јат­но, не ги ни ин­те­ре­си­ра­ат за­ко­ни­те на др­жа­ва­та во ко­ја ра­бо­тат за­тоа што се спе­ци­јал­ни. И до­де­ка гра­ѓа­ни­те и ин­сти­ту­ци­и­те (устав­ни­те) че­ка­ат, тие си те­ра­ат по свое и ни­ко­му не по­ла­га­ат сме­тка. По­втор­но, ко­ин­ци­дент­но вле­гу­вај­ќи во па­ра­ле­ла со при­ка­ска­та на СДСМ, ка­де што тие со си­на крв се по­до­бри, по­ум­ни, по­у­ба­ви, по­неж­ни, по­и­мот­ни и мо­жат да пра­ват сѐ што са­ка­ат со др­жа­ва­та што ја „соз­да­ле“. Т.н. „ко­му­њар­ски“ ма­ни­ри и комп­ле­кси ги за­ра­зи­ја и „спе­ци­јал­ци­те“. Или, по­ве­ро­јат­но, на по­зи­ци­и­те дој­доа ве­ќе кон­та­ми­ни­ра­ни?

Игра­ат ли „спе­ци­јал­ци­те“ еден стар, одам­на над­ми­нат виц: „Зна­еш ли ка­ко се др­жи мо­рон во не­из­вес­ност? Не. Ќе ти ка­жам утре, хе, хе, хе!“ Та­ка, пра­веј­ќи мо­ро­ни од гра­ѓа­ни­те и ин­сти­ту­ци­и­те, „спе­ци­јал­ци­те“ по­сто­ја­но си по­и­гру­ва­ат со тр­пе­ни­е­то. Мо­жат, за­тоа што се про­ти­ву­став­ни, па со тоа и не­до­пир­ли­ви. Ах, да. Ели­от Нес бил по­зи­ти­вец, не­ли…

Пр­во, по­ве­ќе од два ме­се­ца се из­на­че­кав­ме Ја­не­ва да го на­пра­ви тоа што бе­ше пр­во во опи­сот на неј­зи­но­то ра­бот­но ме­сто – да ги по­ба­ра, а по­тоа и да ги до­бие не­за­кон­ски прис­лу­шу­ва­ни­те раз­го­во­ри за кои бе­ше и наз­на­че­на. Но, таа има­ше вре­ме са­мо да го по­ба­ра „Пуч“, ама са­мо по­ра­ди тоа што бил од „го­лем ја­вен ин­те­рес“?! Откро­ве­ни­е­то, се­пак, се слу­чи по два ме­се­ца и таа ги по­ба­ра не­за­кон­ски прис­лу­шу­ва­ни­те раз­го­во­ри, а За­ев ѝ ги да­де, но со од­ли­чен тер­мин. Ве­ру­ва­ле или не, но тоа се слу­чи еден ден пред прос­ла­ва­та на Но­ва го­ди­на. Де­мек слу­чај­но на да­ту­мот ко­га, со­се­ма при­род­но, вни­ма­ни­е­то на гра­ѓа­ни­те е це­лос­но на­со­че­но кон под­го­то­вки­те за до­че­кот, За­ев се „охра­бри“, го сме­ни мис­ле­ње­то де­ка е по­без­бед­но кај Ја­не­ва откол­ку во СДСМ и ги од­не­се ку­ти­и­те?! Уште пос­лу­чај­но, Ка­ти­ца за­бо­ра­ви да на­пра­ви за­пис­ник за пре­да­де­но­то од За­ев. Исто ка­ко што за­бо­ра­ви да му ги по­ба­ра. И та­ка две-три не­де­ли но­ви игри со јав­но­ста око­лу фа­ктот – што, всуш­ност, ѝ пре­дал спа­си­те­лот од Мур­ти­но на спе­ци­јал­на­та од Ге­вге­ли­ја. Кла­си­ка…

 

analiza176-3

Фа­бри­ка­та под сте­чај, на­деж­та кај Ја­не­ва

Фа­кти­те се по­ра­зи­тел­ни за две­те стра­ни, кои, освен при­ја­те­лот За­хир Ибра­и­ми – Ча­уш, има­ат и мно­гу дру­ги ра­бот што ги по­вр­зу­ва­ат. Ло­ги­ка­та не е се­ко­гаш тоа што ги во­ди, но е таа што ги заг­ла­ву­ва. Не тре­ба­ше мно­гу за да се прес­ме­та де­ка за два­е­сет ми­ну­ти, кол­ку што За­ев се за­др­жа кај Ја­не­ва, не мо­же да се на­пра­ви за­пис­ник за тол­ку обе­мен ма­те­ри­јал. Не­ба­ре Ка­ти­ца е Авто­мен. Иа­ко, и за обем­но­ста све­до­чи са­мо ли­де­рот на СДСМ, но не и Спе­ци­јал­но­то об­ви­ни­телс­тво, кое искре­но и „на­ив­но“ пре­не­се де­ка при­ми­ле шест ку­тии тан­скрип­ти и еден тврд диск. 600.000 раз­го­во­ри од 26.000 ли­ца на са­мо еден тврд диск?! Ква­ли­те­тот на „ори­ги­нал­ни­те“ сним­ки на За­ев мо­ра да бил оча­ен, кол­ку и да бил ка­па­ци­те­тот на овој фа­мо­зен диск. А не зву­че­ше та­ка при „бом­би­те“. Бла­го­да­ре­ние на Ја­не­ва не ни доз­нав­ме да­ли си­те ма­те­ри­ја­ли се пре­да­де­ни, ни­ту, пак, да­ли е утвр­де­но де­ка се ори­ги­на­ли, ни ка­ко мис­лат да го на­пра­ват тоа. Што е важ­но, па таа отво­ри це­ли 36 слу­чаи без во­оп­што да ги има ори­ги­на­ли­те, по­ве­де­на са­мо од се­че­ни­те сним­ки на СДСМ. Уште не­што – ка­ко СЈО ќе утвр­ди де­ка За­ев не на­пра­вил ко­пии, ко­га це­ли 70.000 раз­го­во­ри во фол­дер со не­го­во­то пре­зи­ме се нај­доа кај кри­ми­на­ле­цот Ча­уш? Ед­но­став­но, вре­ме­то ги га­зи, фа­бри­ка­та се за­тво­ри, а из­бо­ри­те се бли­жат. Не­кој мо­ра и да „одра­бо­ти“ за пар­ти­ја­та, па, раз­бир­ли­во, не­ма вре­ме за не­ка­кви за­пис­ни­ци. И тол­ку… Те­а­та­рот на ап­сур­дот, кој го под­др­жа ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, и на­та­му про­дол­жу­ва за­ка­ну­вај­ќи се да го за­се­ни кван­ти­те­тот на „Ма­леч­ка­та не­ве­ста“. Таа веч­но мла­да и не­ви­на, тие веч­но не­ви­ни и не­до­вет­ни.

analiza176-2

 

И по Ве­руш, Ча­уш?

analiza176-5По­ве­де­ни од до­се­гаш­но­то искус­тво, иа­ко е не­га­тив­но, во оче­ку­ва­ње сме на уште еден не­бу­ло­зен по­тег на СЈО. По за­кон­ски не­о­прав­да­но­то пре­зе­ма­ње на „Пуч“, освен по­ра­ди по­зи­тив­но вли­ја­ние на вло­ше­на­та пси­хич­ка со­стој­ба на ли­де­рот на СДСМ и пу­шта­ње на сло­бо­да на Ве­ру­шев­ски (ко­го во СДСМ ми­лу­ва­ат да го на­ре­ку­ва­ат Ве­руш) тре­ба ли се­га да че­ка­ме Ја­не­ва да го пре­зе­ме и не­де­ло­то на Ча­уш? Па зо­што да не, и та­ка За­хир Бе­ки­ри ѝ е при­ја­тел на „Фејс­бук“. Тие со си­на крв ќе се ва­дат де­ка има­ла мно­гу при­ја­те­ли, но да не за­бо­ра­ви­ме – и пред да ста­не „спе­ци­јал­на“, Ја­не­ва бе­ше „обич­на“ об­ви­ни­тел­ка, а Ча­уш и се­га и по­ра­но бил кри­ми­на­лец. Спо­јот е не­за­мис­лив, не­е­тич­ки и не­бу­ло­зен.

analiza176-4Мо­же­би, пак, има­ат спој­на ни­шка и се ви­ка СДСМ? Мно­гу ве­ро­јат­но, ка­ко и фа­ктот де­ка Ча­уш ќе мо­ра да при­че­ка за да из­ле­зе од за­твор. Не са­мо по­ра­ди тоа што ве­ќе е на из­др­жу­ва­ње на прет­ход­на за­твор­ска каз­на, ко­ја со­се­ма „слу­чај­но“ му ја одол­жи еден су­ди­ја, кој се­га е на дис­цип­лин­ска, ту­ку и по­ра­ди тоа што тре­ба да че­ка на ред. За не­го­ва жал, по ус­ли­шу­ва­ње­то на жел­ба­та за пре­зе­ма­ње на „Пуч“, За­ев изра­зи жел­ба Ја­не­ва да го пре­зе­ме и „По­ткуп“. Да по­бе­де­ше Пен­да­ров­ски, ка­ко што пред­ви­де аген­ци­ја­та на Ѓор­ги Спа­сов, мо­же­би и ќе го або­ли­ци­ра­ше, но Ива­нов ги по­чи­ту­ва за­ко­ни­те. Иа­ко фа­бри­кан­ти­те се оби­доа и тоа да го искри­ват и да из­ла­жат. Ва­ка спе­ци­јал­на­та на­деж на За­ев оста­ну­ва кај Ја­не­ва, а таа се по­ка­жа де­ка не­ма проб­лем со ис­пол­ну­ва­ње­то. На­стра­на, во но­ва­та 2016 го­ди­на, во ко­ја не­го­ви­те стру­ми­ча­ни кр­шеа леп­че со две па­рич­ки – ед­на спо­ред тра­ди­ци­ја­та и ед­на за Ви­це­то, Ја­не­ва не му ис­пол­ни­ла ни­ту ед­на жел­ба, па ред­но е да му уго­ди. Пр­во не­му, па на Ве­ру­шев­ски, кој нас­про­ти си­те за­кон­ски нор­ми е на сло­бо­да. Се­га по­втор­но на ред е За­ев, а Ча­уш е пос­ле­ден на спи­со­кот на не­го­ва­та спе­ци­јал­на при­ја­тел­ка на „Фејс­бук“, ка­ква што се­кој кри­ми­на­лец би по­са­кал. „Му­тан­ти­те од Идри­зо­во“, на­пи­ша тој во пос­лед­на­та по­ра­ка на „Фејс­бук“, пред да го иск­лу­чи про­фи­лот. Ќе му­ти­ра ли СЈО во спа­си­тел на кри­ми­нал­ци од СДСМ, пред да згас­не ка­ко ин­сти­ту­ци­ја. Па­те­ка­та за дејс­тву­ва­ње е до­бро тра­си­ра­на…

 

analiza176-6

Ста­ри­те ку­чи­ња не мо­жат да на­у­чат но­ви три­ко­ви

Исто­ри­ја­та се по­вто­ру­ва, а сѐ по­о­чиг­лед­но е де­ка ста­ри­те ку­чи­ња не мо­жат да на­у­чат но­ви три­ко­ви. Мо­жат са­мо по­сто­ја­но и без ме­ра да ја на­вре­ду­ва­ат ин­те­ли­ген­ци­ја­та на сопс­тве­ни­от на­род. Или сто­ка? Уште по­јас­но е де­ка играј­ќи на кар­та­та „по­вто­ру­ва­ње­то е мај­ка на зна­е­ње­то“, ин­тен­ци­ја­та е од не­јас­но­ти­и­те и од ла­ги­те да соз­да­дат фа­кти, ба­рем во умот на нив­ни­те за­мис­ле­ни гла­са­чи. Има­ги­нар­ни, за­тоа што и нив ги не­ма. Но тоа не ги спре­чу­ва во по­вто­ру­ва­ње­то на фра­зи­те за ре­жи­мот, вра­ќа­ње­то на сло­бо­да­та и куп дру­ги глу­по­сти, кои во нап­лив на без­и­деј­ност и на мрз­ли­вост ста­наа за­ме­на за пре­диз­бор­на про­гра­ма. И неа ја ве­ти­ја, па ис­чез­на, ка­ко и 5.000 ти­мо­ви на те­рен…

Ов­де бит­но е са­мо по­вто­ру­ва­ње­то, „мај­ка­та“ на зна­е­ње­то и та­ка ни­ко­гаш и не им би­ла важ­на. Па, не­ли, што ќе ви е зна­е­ње во ре­жим? Соз­да­ва­ње­то на оваа гр­да ат­мо­сфе­ра на страв и на не­си­гур­ност е ос­но­ва­та на стра­те­ги­ја­та, ко­ја за прв­пат по две и пол де­це­нии по­сто­е­ње соз­да­де та­ква гр­да по­дел­ба и омра­за ме­ѓу на­ро­дот. А стра­те­зи­те и лу­ѓе­то што без срам ја ши­рат си ја те­ра­ат ка­ко пес­на, се­којд­нев­но ла­мен­ти­рај­ќи за исти­те не­ло­гич­ни не­бу­ло­зи. Без ефект, но про­дол­жу­ва­ат. Не­кој ќе ре­че – Си­зи­фов труд, но ни Си­зиф не мра­зел та­ка, па ни тол­ку по тур­ка­ње на исти­от ка­мен. Сѐ што са­кал е да го истур­ка ка­ме­нот, тие, пак, да ја „истур­ка­ат“ вла­ста. Ма­кар би­ла ле­ги­тим­на.

 

Aleksandar-Dastevski-200Да­штев­ски: Симп­то­ма­тич­но при­ја­телс­тво на Ја­не­ва со Ча­уш

Пред Но­ва го­ди­на во „Ре­пуб­ли­ка“ имав де­тал­но об­јас­ну­ва­ње за до­се­гаш­на­та ра­бо­та на СЈО Ка­ти­ца Ја­не­ва, ве­ли доц. д-р Але­ксан­дар Да­штев­ски, кој истак­ну­ва де­ка и то­гаш на­ве­де де­ка „Пуч“ ќе прет­ста­ву­ва ста­пи­ца за об­ви­ни­тел­ка­та би­деј­ќи ќе пре­диз­ви­ка ла­ви­на од ба­ра­ња за пре­зе­ма­ње и дру­ги пред­ме­ти, кои ќе ја до­ве­дат во не­при­јат­на со­стој­ба. Во овој кон­текст, Да­штев­ски го до­ве­ду­ва и неј­зи­но­то мож­но пре­зе­ма­ње на „Фа­бри­ка за афе­ри“.

ДАШТЕВСКИ: Од дру­га стра­на, по­крај мно­гу­те симп­то­ма­тич­ни ра­бо­ти што се слу­чу­ва­ат од из­бо­рот на СЈО до­се­га е и при­ја­телс­тво­то на „Фејс­бук“ со глав­ни­от осом­ни­чен во „Фа­бри­ка­та за афе­ри“ За­хир Бе­ќи­ри – Ча­уш. Зна­е­ме де­ка тој во мо­мен­тов е на из­др­жу­ва­ње на каз­на за­твор во Идри­зо­во за дру­го кри­вич­но де­ло, а бил по­ве­ќе па­ти об­ви­ну­ван за раз­лич­ни кри­вич­ни де­ла. От­ту­ка, из­не­на­ду­ва тоа при­ја­телс­тво на ја­вен об­ви­ни­тел со та­ква лич­ност, тоа е ре­тко и не­во­о­би­ча­е­но. Обич­но тие што го­нат за кри­ми­нал тре­ба да вни­ма­ва­ат ко­го при­фа­ќа­ат за при­ја­тел, освен ако ова при­ја­телс­тво не­ма дру­га зад­ни­на, а се сов­па­ѓа со мно­гу ра­бо­ти што се на­пра­ве­ни до­се­га.

По­ве­ќе па­ти е ко­мен­ти­ра­но и тоа де­ка Ве­ру­шев­ски не ги пре­дал ко­до­ви­те што ги ба­рал су­дот од не­го, де­ка не со­ра­бо­ту­вал со су­дот во те­кот на по­стап­ка­та, де­ка во мо­мен­тот ко­га е при­ве­ден се под­го­тву­вал да ја на­пу­шти др­жа­ва­та, за што по­сто­јат и пис­ме­ни до­ка­зи, де­ка ако е на сло­бо­да мо­же да вли­јае врз све­до­ци­те или да уни­шти до­ка­зи што се пред­мет на кри­вич­но­то де­ло што му се ста­ва на то­вар. Ова се ос­но­ви по­ра­ди кои се одре­ду­ва, а не уки­ну­ва при­твор. Обич­но, уки­ну­ва­ње­то при­твор ба­ра од­бра­на­та, а не об­ви­ни­телс­тво­то. Но да се на­де­ва­ме де­ка су­дот ги имал пред­вид си­те овие окол­но­сти и до­нел ис­прав­на од­лу­ка. Всуш­ност, од­лу­ки­те на су­дот не тре­ба да се ко­мен­ти­ра­ат.

Исто та­ка, сме­там де­ка ма­те­ри­ја­ли­те или тоа што тре­ба да прет­ста­ву­ва ма­те­ри­ја­ли се пре­да­доа под при­ти­сок на јав­но­ста. По­крај дру­го­то, на об­ви­ни­тел­ка­та ѝ сто­е­ја на рас­по­ла­га­ње си­те ин­сти­ту­ции на си­сте­мот и при­нуд­ни мер­ки за од­зе­ма­ње на ма­те­ри­ја­ли­те. Тие беа пре­да­де­ни со за­доц­ну­ва­ње и се­га по­втор­но не­ма ни­ка­ква ин­фор­ма­ци­ја за тоа, а фа­кти­те не се сов­па­ѓа­ат со тоа што тре­ба­ше да се пре­да­де и тоа што се пре­да­де. Мо­же­би об­ви­ни­тел­ка­та тре­ба­ше да ка­же де­ка во ин­те­рес на истра­га­та е да не се со­оп­шту­ва­ат де­та­ли за тоа. Но таа не из­ја­ви ни­што. Иа­ко це­ла­та јав­ност е мно­гу за­ин­те­ре­си­ра­на во кој обем се пре­да­де­ни ма­те­ри­ја­ли­те, да­ли е со­ста­вен за­пис­ник, да­ли ќе има дру­ги ма­те­ри­ја­ли и дру­ги су­штес­тве­ни пра­ша­ња, по­втор­но молк од СЈО. Ва­кво­то од­не­су­ва­ње са­мо соз­да­ва сли­ка де­ка СЈО не си ја из­вр­шу­ва до­бро сво­ја­та ра­бо­та, де­ка не ги при­ме­ну­ва за­ко­ни­те во це­лост или, уште по­ве­ќе, де­ка по­ста­пу­ва при­страс­но.

 

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 176. број на неделникот „Република“, 15.01.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top