| четврток, 6 декември 2018 |

Можен е пад на цената на нафтата до 16 долари за барел

нафта

Поранешниот руски министер за финансии и актуелен шеф на Комитетот за граѓански иницијативи, Алексеј Кудрин очекува дополнителен пад на цената на нафтата.

Според него, можно е цената на овој енргенс да се спушти до 18 па дури и до 16 долари за барел.

– Моментално постојат редица фактори кои придонесуваат за падот на цената на нафтата. Таа ќе биде помала, отколку што е сега. Може да достигне до 18, па дури и до 16 долари за барел. Всушност тоа ќе биде и најниското ниви-изјави Кудри на работниот појадок во организацијата „ВТБ Капитал“ во рамките на Светскиот економски форум во швајцарски Давос.

Поранешниот руски министер за финансии, исто така, смета дека руските власти мора да се откажат од надежите дека цената на нафтата ќе започне да расте, и оти во следните два до три месеца треба да утврдат долгорочна стратегија за реформи.

Тој предвидува руската економија, која последниот период е во загуби најмногу поради падот на цените на енергенсите, и помалку поради западните санкции воведени поради наводниот нејзин ангажман во украинската криза, да се врати на раст во текот на една до две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top