| четврток, 6 декември 2018 |

Беше првиот хомосексуалец на ексју-филмовите, а денес држи клуб за билдери (фото)

На тие што се сеќаваат на филмот „Не е лесно со мажите“ позната им е сцената во која се појавува мускулестиот  Станислав.

Nije_lako_sa_muškarcima

Него во филмот една тинејџерка го претставува на мајка си како момчето со кое е во врска, но подоцна сите дознаваат дека тој е хомосексуалец. Улогата на Станислав ја толкуваше професионалниот бодибилдер Зоран Јовановиќ, кој многумина го паметат и како масерот во „Жикина династија“.

stanislav

Јовановиќ во светот на филмот влегол сосема случајно. Во тоа време имаше малку луѓе што работеле на своето телел и оделе на бодибилдинг. Тој поради изгледот и силата добил работа во најпознатата дискотека во Белград. Таму го забележале и  почнал со една мала улога каде што глумел Германец во први редови , а потоа понудите се нижеле што дури и можел да одбира која да ја прифати. За улогата на масер во „Жикина династија“ вели дека го овековечила.

stanislav 2

-Не поминува месец ниту празник да не се пушта некој од тие филмови. Очигледно, немаме други филмови што може да се мерат со оваа серија. Да знаев ќе потпишев на процент и денес ќе бев богат – се шегува Јовановиќ.

s6

s9

Филмот за него отсекогаш бил хоби, а основно занимање му е бодибилдингот со кој и денес се занимава. Тој е претседател на антидопинг комисијата во Сојузот на Србија за боди билдинг, фитнес и аеробик. Освен тоа ангажиран е и во Центарот за спортска исхрана и рехабилитација каде работи со многубројни спортисти.

s10

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top