| четврток, 6 декември 2018 |

Деветте напаѓачи од Париз на плакат на Исламската држава (фото)

Исламска држава објави плакат со фотографии од деветте напаѓачи  за кои тврди дека се токму тие што во Париз на 13 ноември усмртија  130 луѓе.

france-paris-shooting_horo-e1447453814352

Плакатот осамна на интернет-магазинот  на Исламската држава „Дабик“,  кој се издава во Ирак. Како што наведува магазинот, меѓу тие што на 13 ноември извршија  серија напади на француската престолнина се и двајца Ирачани. Се идентифицираат како Укасхах ал- Ирак и Али ал – Ирак.

20160121091548_349080

Терористите на плакатот се прикажани во стилот на холивудските ѕвезди, а под нив стои напис: „Нека Париз биде лекција за тие нации што не сакаат да нѐ послушаат“.

Се  сомнева дека токму Ирачаните биле бомбаш-самоубијците што се обидоа да активираат експлозив на стадион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top