| четврток, 6 декември 2018 |

Штрајкови ја тресат Грција

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) денеска ги повика своите членови на протест пред Министерството за труд.

pretesti grcija

 

Синдикатот бара од демонстрантите да го блокираат влезот во Министерството за да се покаже противењето на АДЕДИ на пензиските реформи што ги предлага Владата.

Поради протестите нарушен е железничкиот сообраќај и електричната железница која ја поврзува Атина со предградијата. Железничарите ќе запрат со работа неколку часа во знак на протест против приватизација на железничкиот оператор Траиносе.

За денеска се планираат и протести на островите, а во меѓувреме продолжува и штрајкот на земјоделците.

Грчките бродови и денеска остануваат на пристаништата поради штрајкот на морнарите кој почна вчера и ќе трае до утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top