Режисерите Диего де Бреа од Словенија, Александар Баргман од Русија и Андраш Урбан од Србија повторно ќе работат на театарски проекти во Битола.
Де Бреа, кој е познат по режијата на „Отело“, годинава ќе ја режира претставата „Разбојници“ од Фридрих Шилер, Русинот Баргман, кој ја режираше претставата „Иванов“, овој пат ќе го подготвува авторскиот проект „Другари“, а гостинот од Суботица Андраш Урбан, кој во Битола остави силен впечаток со „Хамлет машина“, годинава ќе ја режира претставата „Доктор Фауст“ од Кристофер Марлоу.
– Министерството за култура годинава во Битола ќе финансира пет театарски премиери. Според националната програма за култура поддржана е нашата идеја за повторно гостување на три режисери од странство што оставија силен акцент во нашиот театар. Повод за нивното повторно гостување во Битола е нивниот директен придонес за меѓународна афирмација на нашиот театар и тоа што обезбедија учество на нашиот театар на повеќе сцени во Европа, истакна Валентин Светозарев, директор на НУ Народен театар-Битола.
Покрај со тројцата режисери од странство, битолските актери во 2016 година ќе работаат и со режисерите од матичната куќа, односно со Љупчо Ѓоргиевски, кој веќе ја подготвува претставата „Кралски игри“, и со Јован Ристовски и Ангелчо Илиевски, кои ги подготвуваат сонетите од Шекспир.
– Добивме поддршка од Министерството за култура и за организација на меѓународниот „Битола Шекспир фестивал“, која за разлика од минатите години овој пат е поголема. Шекспировите дела веќе се голем императив за театрите во Македонија и за нас тоа е голема сатисфакција. Инаку, во пресрет на најновото фестивалско издание, потврден е интересот за гостување во Битола на театри од Израел, САД, Русија, Полска, Србија и, најверојатно, од Иран – посочи Светозарев.
Од Битолскиот театар посочија и дека со поддршка на Министерството за култура по подолго време во целост ќе бидат реконструирани шминкерниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Но(е)ва Македонија“ – нова премиера во Битолскиот театар
-
Подвижниот музички театар од Битола со проектот „Девојката со жиците“ в сабота на сцената во Љубљана
-
Премиера во Битолски театар: Соња Михајлова во улогата на Цезар во „Јулие Цезар (Res publica или Cosa nostra)“
-
Битолски театар – репертоар за месец март 2018