Времето денеска сончево со умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 9 до 20 степени, а во Скопје до 18 Целзиусови степени.
Најтопло ќе биде во Дојран, 21 степени, и во Гевгелија, 20 степени. Потоа следуваат Струмица со 19 степени, Куманово 18, Гостивар 17, Свети Николе 17, Битола 17, Дебар 16, Претор 15, Берово 14, Крива Паланка 13, Маврово 9 и Охрид 6.
Слично време се очекува и утре, а в четврток се очекува потопло време со температура до 24 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


