| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: Добро е што коцките си дојдоа на свое место

Qatar 2015 M27 BIH vs MKD

По тешката борба која што се играше на теренот во Краков, последната секунда ја однесе Македонија во следната фаза на Европското првенство.

Борко Ристовски беше одличен на голот на Македонија и на овој натпревар како и на двата претходни од групната фаза. По натпреварот со Србија, чуварот на мрежата на нашата репрезентација за 24ракомет изјави:

Како што можеше да се види по нас, ова беше навистина тежок натпревар. Се гледаше на нашите лица дека сме исцрпени по малку и притисокот изигра своја улога. Кога ќе се собере се, некогаш е важно и со лоша игра да одите понатаму и да освојувате бодови. Ова беше случај со нас вечерва кога поминавме една група која што беше најтешка според мене. Претходните наши противници ќе се борат за едни од првите три места на шампионатот. Добро е што коцките си дојдоа на свое место и ние продолжуваме понатаму

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top