| четврток, 6 декември 2018 |

Консумирајте ги овие зимски производи за поубав тен

Здрајвето и убавината доаѓаат од храната која ја консумираме , велат стручњаците, а доколку сакате да имате убав тен и чиста кожа и во исто време да бидете подобро расположени, јадете цвекло, прокељ, зимски круши и тиква.

kruska-36b6d4f2096f6900faeb42f5bb55cb27_header

Цвеклото е идеална зимска храна бидејќи содржи влакна, витаминЦ, магнезиум, железо и фосфор. Овие состојки го стимулираат метаболизмот и елиминирањето на токсините од лимфниот систем. Коренот од оваа билка го подига нивото на кислород во клетките, и поради тоа цвеклото е идеално за анемични луѓе, а воедно влијае на тоа вашиот тен да биде поубав.

Прокељот е богат со витамин Е, антиоксиданси и железо. Содржи и протеини кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, но содржи и фолна киселина, цинк и магнезиум кои го подобруваат квалитетот на косата.

Зимските круши го стимулираат варењето и чистењето на организмот. Со оглед на тоа што се исклучително богати со влакна, со леснотија го одржуваат нивото на шеќерот во крвта, па со самото тоа ја намалуваат желбата за слатки.

Тиквата е богата со каротен кој благотворно делува на кожата, ја подобрува нејзината текстура и ги ублажува оштетувањата на надворешните фактoри. Содржи калиум, витамин Б, но и цинк кој го одржува високото ниво на колаген а ја спречува појавата на акните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top