| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедијата во Бостон (вознемирувачки фотографии)

Бројот на жртвите по експлозијата на двете бомби за време на маратонот во Бостон, постојано расте. Дел од американските медиуми, објавија дека има 31 жртва и над 200 повредени.

Boston6

Во близина на стартно-целната рамнина на маратонот, вчера експлодираа најмалку две бомби во кус рок од десетина секунди и тоа на мошне фреквентно место, на Бојлстон стрит. Во главниот град на државата Масачусетс, вчера се славеше Денот на патриотите и е неработен ден, па оттаму имаше зголемена фрекфенција на луѓе.

Boston2

На маратонот кој е еден од најпознатите на светот учествуваа околу 27 илјади натпреварувачи, а карневалската атмосфера во Бостон, заврши со трагедија.

Boston7

По бомбашките напади, веднаш е донесена одлука сите натпревари од професионалните лиги на кои екипите од Бостон требаше да бидат домаќини да се одложат. Ноќва нема да се игра хокеарското дерби меѓу Бостон бруинс и Отава сенаторс.

Boston1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top