| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус сигурно гази кон титулата (видео)

Јувентус го победи Лацио со 2-0, во последниот натпревар од 32. коло во италијанскиот шампионат и му требаат уште 6 бода за да ја осигура 31. титула во Серија А. До крајот на првенството има уште 6 кола, па само теоретски се шансите на Наполи и на Милан да ја спречат „Старата дама“ да прослави нов трофеј.

Во Рим, вечерва, Артуро Видал беше јунакот на „бјанконерите“ и со два гола го одлучи дербито. Во 8. минута Чилеанецот погоди од пенал, а 20 минути подоцна и од игра за победа на Јувентус. Лидерот има 64 бода, 11 повеќе од Наполи на Горан Пандев и 15 позитива во однос на Милан.


szólj hozzá: Lazio vs Juventus 0:2 MATCH HIGHLIGHTS

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top