| четврток, 6 декември 2018 |

Елшани: Димитрија Тасески, првиот фаќач на крстот во охридско

Традиционално, секоја година жителите на Елшани во раните утрински часови го започнуваат чествувањето за големиот верски празник Богојавление – Водици, обваји „Охрид 24“.

Во 5 часот започна утринска богослужба, на која присуствуваа повеќе стотини елшанци. Се осветуваше леб и вода, а потоа на сред село кај Клајнецот, во изворските води се изврши чинот на фрлање на светиот крст.

Оваа година среќниот фаќач беше Димитрија Тасески  кому ова му е прврпат да стигне прв до крстот.

Како спомен на настанот, среќниот фаќач доби златно ланче со златен крст од црквата Свети Пророк Илија, како и таблет од месната заедница.

Народниот елшански собир продолжи со оро на сред село каде старите и нови кумови служеа топла ракија и бонбони. Денешните празнувања продолжуваат и со богати светијонски трпези кај старите кумови, како и со песна и игра.

 

фото: Охрид 24

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top