Терористичките напади во Истанбул предизвикаа паника кај германските туристи – последната надеж за турскиот туризам, којшто се уште не успеа да закрепне од руските санкции, пишува германскиот весник „Цајт“.
Туризмот во Турција ги загуби главните “клиенти – руските туристи, по инцидентот со авионот Su-24, а сега по терористичките напади во Истанбул, патувањето во таа земја го откажуваат и Германците.
Германските весник пишува дека последиците ќе бидат катастрофални за целокупната економија на земјата.
Министерството за надворешни работи на Германија ги советуваше патниците “привремено да избегнуваат“ собирање на јавни места и во близина на туристичките знаменитости на Турција.
Според статистиката граѓаните на Германија го чинат најзначајниот дел од посетителите на Турција. Само минатата година оваа земја ја посетиле повеќе од 4,5 милиони Германци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.