| четврток, 6 декември 2018 |

Се заљуби-Принцот Хари ја улови најпосакуваната принцеза

мари
Принцот Вилијам (33) мисли како Мариа-Олимпиа(19) е најдобра девојка која неговиот брат ја имал, а Хари(31) после неколку состаноци планира да ја води новата девојка на скијање.
До неодамна Хари се забавуваше со две, сега бивши девојки, експертот за односи со јавност Астрид Харборд(33) и водителката Натали Пинкхам(37), но единстевна која го интересира е 12 години помладата Мариа-Олимпиа.
Ќерката на принцезата Мари Шантал и принцот Павлос од Грчка, медиумите ја нарекуваат модна икона и најпосакувана аристократка.Таа е родена во Њу Јорк, а израснала во Лондон, каде студира уметност, драма и фотографија. Принцот Хари и грчката принцеза ги запознала и споила неговата братучетка Беатрис од Јорк (27). Хари за оваа врска добил одобрување и од неговата снаа принцезата Кејт.
-Пресреќна е што Хари најпосле се смири и се доведе во ред-рекол извор близок на кралското семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top