Европската фудбалска федерација (УЕФА), според „Скај спорт“, се подготвува в петок да донесе одлука која е веќе договорена претходниот месец на Судискиот комитет на УЕФА во Париз, за водедување на гол технологијата.
Тоа значи употреба на оваа технологија на натпреварите во Лигата на шампионите, Лига Европа и на Европското првенство во Франција. Гол технологијата се користи во Премиер лигата, Серија А, Бундес лигата и Лига 1, а се применуваше и на Светското првенство во Бразил.
Досегашниот претседател на УЕФА, Мишел Платини беше противник на воведување на современата технологија, но генералниот секретар Џани Инфантино е тој што сака да се воведе оваа промена, која треба да биде официјална за четири дена.
Со воведувањето на оваа технологија треба да се отстрани дилемата дали топката ја минала гол линијата или не.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.