| четврток, 6 декември 2018 |

Утре затворен сообраќајот во центарот на Скопје поради Водици

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре привремено ќе биде затворен сообраќајот во центарот на Скопје поради чествување на празникот Богојавление – Водици и спуштање на Светиот крст во Вардар.

krst

Во периодот од 11 часот до завршување на манифестацијата ќе биде затворена за сообраќај улицата „Филип Втори Македонски“, на потегот од булеварот „11 Октомври“ до булевар „Гоце Делчев“, како и кеј „Димитар Влахов“ и кеј „13 Ноември“ во делот на мостот „Слобода“.

СВР-Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено воведениот режим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top