| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва прво ноќно скијање на Попова Шапка сезонава

Со новата снежна покривка која сега достигнува 40 см во Ски центарот „Попова Шапка“ се создадени услови за идеално уживање на ски патеките. Од вечерва, понеделник 18 јануари стартуваме со ноќно скијање на Попова Шапка со почеток од 19 до 22 часот, информираат од „Елем турс“

Цените за користењето на ски-лифтвите „Тетекс 1” и „Тетекс 2”, кои се користат за ноќното скијање, се идентични на ланските и изнесуваат 500 денари.

Корисниците на сезонските карти не треба да купуваат билет за ноќно скијање, бидејќи важат сезонските карти и за ноќно скијање.

Сите дополнителни информации можете да ги дибиете на телефон 044/330-464 и 070/348-571.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top