| четврток, 6 декември 2018 |

Биг Бен нема да работи за време на погребот на Тачер

Биг Бен, големиот часовник и туристичка атракција во Лондон нема да работи за време на погребот на поранешната премиерка Маргарет Тачер, соопштија од Долниот дом на Парламентот на Велика Британија. Тој нема да одзвонува за време на церемонијата на погребот, пренесува „Би-би-си“.

margaret tacer

Со тишината, на вистински и достоинствен начин ќе биде пропратена целата церемонија на погребот на Тачер, кој е закажан за в среда. Свечената поворка ќе тргне од Вестминистер, а поменот е во катедралата „Свети Петар“. За сето тоа време, нема да ѕвонат ѕвоната на Биг Бен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top