Сите мислиме дека диетата е вистински начин како да загубиме вишок килограми. Но тоа не мора да биде единствена вистина. Постои и алтернатива, да јадеш, а да не се здебелиш! Ова се производите што можеш да си ги дозволиш во големи количества:
Спанаќ – Има најмалку калории, само 7. Големата количина на железо кое го има, најдобро се апсорбира ако го додадете во салата и го прелиете со лимонов сок. Богат извор е на витамин Ц, кој го јакне имунитетот, потоа витамин А кој ги одржува здрави кожата и слузокожата, а има и витамини од групата Б.
Лимон и грејпфрут – Напивката од лимон и грејпфрут, заедно со ѓумбир, ги топи масните наслаги на стомакот. Исто така, агрумите се богати со витамин Ц, а се богати и со влакна. Лимонот има само 20 калории по парче, без кора.
Чај-Црн, зелен или бел. Чајот може да го намали лошиот холестерол, добар е во одбрана на остеопорозата, го јакне мозокот, а од него и слабеете. Вистинскиот чај има 0 калории.
Пуканки – Не грижете се, завалете се удобно на седиштето во кино и јадете пуканки. Сè додека се без премногу путер или масло, нема да ви биде ништо.
Јаболка – Помагаат при извлекување на маснотиите и калориите што сте ги внеле низ некоја друга храна. Исто така, ако изедете јаболко имате чувство на ситост. Некои истражувања покажале дека ако изедете јаболко 15 минути по јадењето тестенина, калорискиот внес ќе се намали за дури 187 калории.
Грчки јогурт – Минералите од грчкиот јогурт го забавуваат создавањето хормони што предизвикуваат создавање талози околу стомакот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.