| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Управен поднел оставка поради прегласувањето во Струга

Прегласувањето во Струга е причина за оставката на Претседателот на Управниот суд, Хисамедин Лимани, јави порталот „Албеу“.

struga lokalni06
– Причина за оставката е одлуката на судот околу приговорите на ВМРО ДПМНЕ за изборите во Струга, при што членовите Албанци во судот биле надгласани од нивните колеги Македонци –  пишува кусо на порталот.
Оставката на Претседателот на Управниот суд доаѓа откако судиите денеска прифатија седум  од осумте тужби на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во Струга што значи дека во оваа општина ќе има прегласување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top