| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИС го контролира производството на марихуана во Албанија

cigarro_marihuanaПод наслов „ИД добива четири милијади долари од албанска марихуана за да го финасира бруталниот терор“, британскиот дневен весник „Дејли мирор“ во неделното електронско издание пишува дека „џихадистите ја потопиле Британија со албанска марихуана“.

– ИД обезбедува пари за својата терористичка активност, контролирајќи ги посевите со марихуана во Албанија, која потоа се транспортира во Велика Британија. Под контрола на калифатот се мафијашките операции вредни четири милијарди долари од марихуаната која се одгледува на планините во Албанија – пишува весникот.

Според истиот извор, приватни авиони и бродови ја носат марихуаната кај босовите на дрогата во Италија, а потоа тие ја носат за Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top