САД ќе му вратат на Иран 1,7 милијарди долари, долг и камата од времето на Исламската револуција во 1979 година по што следуваше прекин на дипломатските односи, соопшти американскиот државен секретар Џон Кери.
Враќањето на парите е резултат на спогодбата пред меѓународниот суд во Хаг и е посебен случај од десетината милијарди долари, кои се замрзнати во странски земји и до кои сега, по укинувањето на санкциите, Иран може да има пристап.
Претседателот на САД, Барак Обама рекол дека ова е многу помала сума од тоа што барал Иран, пренесува Франс прес.кери навел дека ова се однесува на 400 милиони долари кои биле замрзнати од 1981 година и уште 1,3 милијарди долари камата.
Тие пари се дел од фондот кој Иран некогаш го користел за купување воена опрема од САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.