| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија по првиот период води против Полска

рак
Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме води против домаќинот Полска со 13-11. Расположениот голман Борко Ристовски запиша шест одбрани. Капитенот Кире Лазаров постигна четири гола, од кои еден од седум метри. Миркуловски се запиша трипати во листата на стрелци, а по два гола постигнаа Прибак и Митков, кој одлично се снаоѓа на позицијата десен бек. Гоце Георгиевски постигна еден гол, а со еден погодок на листата на стрелци се запиша и Филип Лазаров.

Македонија имаше пад во играта после 15-тата минута, по што се врати во игра и успеа да ја одржи предноста. Македонија одигра одлично во првиот дел од натпреварот. Да се надеваме дека ќе останат во овој ритам и во вториот дел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top