| четврток, 6 декември 2018 |

Алармантни резултати од систематските прегледи: Голем број од децата имаат искривување на ’рбетот

Алармантните податоци од систематските прегледи дека 14 илјади основци и 10 илјади средношколци имаат искривување на ’рбетот, ги загрижи надлежните институции. Здравство и образование веќе договориле часовите по физичко да бидат задолжителни како и досега а на нив наставниците ќе бидат обучени да даваат вежби за децата со сколиоза. Внимателни мора да бидат и родителите кои не треба да ги оставаат децата пред комјутер со саати

Задолжително реализирање на часовите по физичко воспитување, правилно седење и ограничено користење на комјутерите за забава. Ова се само дел од препораките кои можат да ги преполоват застрашувачките бројки од систематските прегледи кои покажаа дека над 25 000 ученици имаат искривување на рбетот. Алармантната статистика од минатата година ги загржи и надлежните институтции кои со заеднички сили ќе се борат за здравјето на децата. Наставниците по физичко ќе бидат обучувани како да вежбаат ученици со сколиоза. За ова веќе разговарале министерствата за образование и за здравство.

-Оние деца кои имаат сколиоза, односно веќе потврдено искривување на рбетот 20 минути од часот да вежбаат вежби кои им се потребни. наставникот ќе треба да им кажува и како правилно да седат и да го држат телото. ова секако се застрашувачки бројки и ние ја следиме состојбата. Следен чекор во иднина би бил замена на инвентарот во училиштата и секако во зависност со финансиите може да оди училиште по училиште, вели Јованка Костовска државен советник во Министерство за здравство

Лекарите веќе предупредија дека деформитетите на рбетот можат да остават сериозни последици во развојот на учениците  доколку навреме не бидат спречени. Покрај училиштата, мора дас реагираат и родителите кои не смеат да дозволат комјутерите да им бидат најдобри пријатели на децата.

-Мора да се внимава и на дебелината бидејќи таа е еден од ризик факторите за добивање на сколиоза. Мора да има здрава исхрана и значи, вклучување на повеќе фактори во спречување на овие состојби, вели Костовска.

Покрај деформитети на грбот, на околу 10 000 ученици на систематските прегледи лани им биле дијагностицирани и проблеми со видот. Извештаите покажуваат дека најголем број од нив се од градските средини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top