| четврток, 6 декември 2018 |

Апел за помош на Ели

Ели е родена со екстремно ретка болест, едно на два милиони деца, тотален аганглионарен мега колон. После осум години бројни операции и месеци поминати во болница, потребна е уште една операција во САД после која докторите гарантираат дека нејзината здравствена состојба ќе биде многу подобра и дека нема како досега, детството да го поминува во детската клиника и ќе почне да напредува заедно со нејзините врсници.

Долгогодишната борба ги исцрпила сите финансиски средства на родителите и сега не замолуваат сите нас за помош како би можеле да го издржат постоперативниот период во САД во времетраење од околу еден месец.

Да донираме на:

070/143-111 – Телеком

077/143-775 – ВИП

075/143-114 – ОНЕ

Да помогнеме сите ние Ели да го продолжи своето детство безгрижно, како што заслужува секое дете.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top