| четврток, 6 декември 2018 |

Апел за помош: Да не дозволиме Давид да остане без нога

david

Битката за враќање во нормален живот за младиот кратовец Давид Стојановски (13) продолжува.

Момчето кое боледува од остеобластична саркома (малигна неоплазма во коленото), по кратко подобрување на состојбата, повторно има влошена здравствена состојба, објави локалниот кратовски портал „Аберџија“.

Неговиот родител Игор добил предлог од лекарскиот тим на скопските клиники да му биде ампутирана едната нога и со тоа да се реши проблемот со малигнитетот. Во меѓувреме таткото бил во посета на реномирана австриска клиника, каде му гарантирале дека проблемот ќе го решат без ампутација на ногата на Давид.

Проблемот е што семејството на Давид ги нема потребните 50.000 евра, колку што бараат Австријците за операција на Давид. Во меѓувреме, Игор поднел документи за покривање на трошоците за лекување од страна на Фондот за здравство, но постапката е во тек и се уште не се знае дали средствата ќе бидат одобрени.

15589918_1211234038964731_7840826004789028834_n

Без разлика на исходот, ги повикуваме сите граѓани и институции еден мал дел од својот буџет наменет за новогодишните празници да го донираат на трансакциската сметка на Давид Стојановски. Два лампиона помалку на новогодишната елка, 50 неиспукани петарди или нешто поскромна новогодишна трпеза за вработените не е нешто од што не можеме да се откажеме. Напротив, тоа е најмалку што можеме да направиме за да ја вратиме насмевката на Давид, детето кое сонува да биде фудбалер, а судбината му се заканува да му ја одземе токму ногата со која шутира.

СМЕТКА ЗА ДОНАЦИЈА : 320500021549404
Централна Коперативна Банка АД
на име Билјана Китановска

сметка 320500026110053

Игор Китановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top