| четврток, 6 декември 2018 |

И Џеј Зи пристигна во Белград – се брои ситно до големиот концерт на Бијонсе

Србијо, дали си спремна? – со оваа порака Бијонсе ги поздрави своите фанови на Фејсбук предмалку споделувајќи фотографија од сцената во Комбанк Арената во Белград.

beyonce

Се брои ситно до почетокот на концертот мега ѕвездата, а како поддршка на Бијонсе синоќа пристигна и нејзиниот сопруг Џеј Зи, заедно со нивната ќерќичка Блу Ајви. Иако опкружени со бројно обезбедување, српските медиуми сепак успеаја да го фатат овој миг кога раперот со нивното бебе во рацете излезе од аеродромот „Никола Тесла“ каде што пристигна со приватен авион од Лондон.

232644736 bjons1-475 bjons2-475

Со овој концерт Бијонсе ја започнува нејзината светска турнеја. Пред Комбанк Арената посетителите започнаа да се собираат уште во 14 часот. Голем број на фанови од Македонија пак, уште рано утрово се упатија кон српскиот главен град.

1-beyonce-610x315

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top