Иако последната јавна расправа за Нацрт – работната верзија на Законот за медиуми и аудиовизуелни услуги е планирана да се оддржи до крајот на мај, доколку се јави потреба рокот ќе биде продолжен, најави министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. Тој се сретна со претставници на Македонската асоцијација на новинарите (МАН), која до него достави забелешки за Нацрт-работната верзија на Законот за медиуми и аудиовизуелни услуги. Забелешки ќе бидат ставени на електронскиот национален регистар за прописи ener.gov.mk.
Министерот ги повика уште еднаш сите граѓани, заинтересирани и организации да се регистрираат и да ги достават своите забелешки и критики на ЕНЕР за да може сите да имаат увид во нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


