| четврток, 6 декември 2018 |

Тричковски признава: СДСМ може да победи само на наместени избори!

Опозиционерот Бранко Тричковски на јавноста и е познат по дрските навреди и пцовки упатени кон македонскиот народ. Тој е силен поддржувач на СДСМ и гласноговорник на политиките од Бихаќка, а во својата најнова колумна признава дека опозициската партија не може да победи на избори. Односно, Тричковски вели дека СДСМ можа да победи само на наместени избори.

-Изборите имаат смисла само ако не се кристално чисти односно ако се наместени во корист на битката против злото – пишува тој.

Тричковски силно посакува СДСМ да победи на изборите, но знае дека на фер и демократски избори, СДСМ нема никакви шанси да го победи ВМРО-ДПМНЕ.

Колумната на Тричковски е објавена во најновиот број на „Слободен печат“ и во негов стил, изобилува со тешки навреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top