| четврток, 6 декември 2018 |

Пет ракометарки на ЖРК Вардар ги продолжија договорите

Македонскиот женски ракометен првак ЖРК Вардар ја продолжи соработката со пет ракометарки. Радиќевиќ потпиша нов двегодишен договор додека Пенезиќ, Алтхаус, Лазовиќ и Лејно се договорија за нов едногодишен договор.

– Ги продолживме договорите со нашите ракометарки Ања Алтхаус, Амандин Лејно, Барбара Лазовиќ и Андреа Пенезиќ за уште една сезона, до јуни 2017 година. Нашето десно крило Јованка Радичевиќ ќе остане во клубот уште две сезони, до јуни 2018 година. Нашата заложба е секогаш да ги имаме најдобрите ракометарки кои сакаат да бидат дел од Вардар. Веруваме дека заедничката соработка со играчите што решија да останат ќе ни донесе нова радост во остварување на зацртаните цели – изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар за клупскиот сајт.

ЖРК Вардар по завршувањето на оваа сезона ќе се раздели со Сираба Дембеле а сеуште не е позната иднината на Кликовац, Лекиќ, Сокач и Черноиваненко. Овие четири имаат договори до крајот на оваа сезона.

Вардарки в недела му гостуваат на Будуќност во второто коло од главната групна фаза во Лигата на шампионките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top