| четврток, 6 декември 2018 |

Марио Драги: Итно е потребен банкарски супервизор во еврозоната

mario_draghiEврозоната мора брзо да делува на планот на основање на единствено банкарско надзорно тело, изјави денеска претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги. Според него, државите од еврозоната имаат потреба од таков орган кој ќе има овластувања во сферата на реконструирање или затворање на банките.

Банките, погодени од кризата во банкарскиот сектор која ја иницираше тригодишната должничка криза во еврозоната, неодамна добија нов удар со кризата на јавните финансии на Кипар, која е последна членка на еврозоната што побараа странска помош за да избегне банкрот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top