| четврток, 6 декември 2018 |

Метеролози советуваат: Одложете ги патувањата планирани за викендов

Поради обилните врнежи од снег кои се очекуваат на планинските превои и на планините и силниот ветер кој може да предизвика поголеми наноси и да ја намали видливоста, метеролозите од „weather4all“ препорачуваат да ги откажете патувањата.

Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата советуваат:

Излезете од дома десетина минути порано за да имате време да го загреете автомобилот, да ги одмрзнете стаклата или да ги исчистите гумите од снег и мраз. Прегледноста на возачот во автомобил со замрзнати или замаглени стакла е неколку пати намалена, „мртвите агли“ се зголемуваат и се добива впечаток дека возите тенк, а не автомобил.

Почитувајте ја брзината на возење, посебно во близина на пешачки премин, училишта и градинки. Во зимски услови на возење, сопирачкиот пат е за 50% подолг отколку во нормални услови.

Доколку возите во длабок снег, држете го воланот право за предните и задните гуми да имаат ист правец на движење. Ако сте заглавиле во снег и со гумите вртите во место, ставете патосници под гумите, песок или стари крпи – така најлесно ќе излезете од снегот.

На угорница и на удолница возете со помала брзина од онаа со која би возеле во нормални услови.

Во зима секогаш имајте полн резервоар, без разлика дали сте заглавени во гратскиот метеж или имате незгода на пат. Доволното количество гориво во резервоарот ќе ви ја осигура топлината која ќе ви биде потребна за безбедно да стигнете во вашиот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top