Вчера до корисниците на „Вибер“ во неколку земји во светот им била испратена спам порака, со кое се известуваат дека од оваа недела (17.01.) „Вибер“ ќе почне да наплаќа своите услуги
Соопштението ги повикува корисниците кои ја примиле пораката да ја шират оваа информација со сите свои контакти и да ги информираат своите контакти за новата промена. „Вибер“ објави дека информацијата во спам пораката е лажна и нејзин извор не е „Вибер“.
„Вибер“ овозможува на сите луѓе во светот да комуницираат бесплатно, информираа од компанијата. Пораките, повиците, играње на игри и споделување на содржини преку „Вибер“ со пријателите и семејството е неограничено во целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.