| четврток, 6 декември 2018 |

Забрана за движење на камиони на Стража и Маврово

Забрана за тешки товарни возила превентивно се воведува и на планиските превои Стража и Маврово, соопшти диспечерско-информативниот центар на ЈП „Македонијапат“.

Претходно, забрана за камиони и автобуси беше воведена на патот  Тетово-Попова Шапка.

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Магла со видливост од 50-100 метри има кај Страцин, Тетово и на планинскиот премин Стража.

Посебно внимание, како што истакнуваат од Авто мото сојузот на македонија, е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Забрана за тешки товарни возила и автобуси е воведена на патниот правец Тетово – Попова Шапка, за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top